Рамос со изјава го заврши пријателството со Пике


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот клуб вчера победи на Сантијаго Бернабе против Реал Мадрид, 2:3.

Серхио Рамос доби директен црвен картон после стартот над Меси. После тоа дојде до конфликт помеѓу капитенот на Реал Мадрид и Жерар Пике.

Рамос изјави после натпреварот дека немаше намера да го повреди Меси, а се разбира дека го искоментира и неговиот конфликт со Пике.

„Добро е што сакаше бидејќи правеше притисок на судиите. Тој по цел ден ги коментира судиите. Можам да кажам дека после ова Ел Класико повеќе никогаш нема да го прегрнам Пике“, изјави Рамос.