„Пеп го сака Деле Али“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Чави тврди дека неговиот поранешен тренер сака во Сити да го донесе Деле Али.

Според зборовите на Чави, тренерот на Сити со рекорден трансфер ќе се обиде да го донесе Али.

Меѓутоа, кој и да се одлучи да испрати понуда за овој фудбалер, ќе мора да одвои голема сума на пари, затоа што се претпоставува дека клаузулата на овој фудбалер ја надминува таа на Погба.

„Разговарам со Пеп, знам дека тој мисли дека е важно да се донесат англиски играчи. Сигурен сум дека на лето ќе бара засилувања во Европа, но и во ПЛ.“

„Во овој момент најдобар англиски, но и еден од најдобрите играчи во Европа е Али. Тој е посебен фудбалер.“

„Сигурен сум дека Тотенхем нема лесно да го пушти, но сите знаеме дека Сити има доволно пари.“