Враќање на терените на поранешниот најдобар играч во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот прв тенисер во светот, Хуан Мартин Фереро заедно со Буста изгуби од Нестор и Матковски со 6:2, 5:7 и 10:7 во првото коло на турнирот во Барселона.

Фереро последниот професионален натпревар го одигра во Валенсија во 2012-та година, но сигурно не се чувствуваше необично и старо на своето кратко враќање затоа што еден од ривалите беше дури 7 години постар од него, 44-годишниот Нестор.

„Започна како шега, а на крајот Пабло ме убеди да играм. Овој натпревар за мене беше подарок, убаво е повторно да се доживее атмосферата на теренот.“

Шпанецот го освои Ролан Гарос во 2003-та година, истата година играше и финале на УС Опен, а вкупно во кариерата освои 16 титули.