Скаутите на Ливерпул внимателно го следат Шалке, кој им е во бележникот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јирген Клоп често ги испраќаше своите скаути во Гелзенкирхен со цел да ги следат најдобрите фудбалери на Шалке. Кој им е на мета?

Јирген Клоп и неговиот Ливерпул често се поврзуваат со фудбалери од Германија, а тој тренд се продолжува и понатака.

Познато е дека скаутите на Ливерпул често се на натпреварите на Шалке, а се поставува прашањето – кого го следале и дали до трансфер ќе дојде во ова лето.

Тие кои се споменуваат во англиските медиуми се Сеад Колашинац, Макс Мејер и Леон Горецка, со тоа што Колашинац според некои наводи ќе потпише договор со Арсенал и сигурно нема да премине во Ливерпул.

Знаете веќе Клоп го зеде Матип од Шалке во претходната сезона, го доведе целосно бесплатно бидејќи договогорот му истече и во оваа сезона Матип е еден од најдобрите играчи во одбраната на Ливерпул, ако не и најдобар.

Дека се скаутите на Ливерпул на натпреварите на Шалке, знае и Кристијан Хајдел, спортскиот директор на клубот од Гелзенкирхен и човек кој е голем пријател на Јирген Клоп.

„Јирген Клоп и јас сме во пријателски однос и поради тоа често читате во медиумите сешто околу трансферите.

Овој пат навистина ништо не знам, што значи дека ни англиските медиуми ништо не знаат. Навистина не знам кого го следат скаутите на Ливерпул, мислам дека тоа не го знае ни Јирген Клоп“, рече Хајдел.