До Златан стигна поддршка и од неговиот идол: Со тебе сум!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот бразилски ас Роналдо Луис Назарио де Лима сигурно знае како е да се претрпе тешка повреда, со оглед дека и во неговата, блескава, кариера во голема мера го ограничија тешките повреди.

И одличниот бразилски напаѓач  повредите на  предните вкрстени лигаменти го спречија да остави поголем белег во светот на фудбалот.

А овој пат тој се одлучи на друштвените мрежи да испрати порака со поддршка на Златан Ибрахимовиќ кој неодамна доживеа повреда во мечот од четвртфиналето од Лига Европа.

На шведскиот напаѓач оваа понуда сигурно многу значи, со оглед дека е познато дека Роналдо е негов фудбалски идол, и дека во неколку наврати изјави дека за него тој е најдобар играч на сите времиња.

„Ибра, во мислите сум со тебе. Ти посакувам поврзо опоравување и да се вратиш уште посилен. Силата е во вољата! Ја имаш мојата целосна поддршка и восхит во желбата за со својот војнички дух да го победиш и овој проблем“, напиша на својот Инстаграм профил легендарниот Бразилец.