Клоп најде замена за Стариџ во Бразил?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот напаѓач Даниел Стариџ повторно доби повреда поради што ќе го пропушти остатокот на сезоната на Ливерпул, а најверојатно го одигра својот последен меч за Редсите.

Германскиот стручнак Јирген Клоп јасно даде до знаење до Стариџ дека повеќе нема да смета на него, и дека на крајот на оваа сезона најверојатно ќе го продаде.

Ливерпул веќе бара замена за овој напаѓач кој во последно време најчесто е надвор од терените поради повреда.

Англиските медиуми објавија денеска дека Редсите на радарот имаат веќе еден напаѓач.

Се работи за играч на бразилскиот Гремио, Луан.

Овој 24-годишен напаѓач во минатата година освои златен медел на Олимписките игри во Бразил, а со своите игри во оваа сезона привлече интерес на многу клубови.

Само е прашање на време кога Луан ќе дојде во Европа, а се чини дека неговата прва дестинација ќе биде Англија.

Се работи за одличен напаѓач доволно зборува податокот дека Ливерпул ќе биде приморан за овој играч на Гремио да плати дури околу 30 милиони фунти.