„Сакаме уште настапи во Европа!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марк Олбрајтон ги повика играчите на Лестер на натпреварот против Арсенал да покажат ист интензитет и ангажираност како што тоа го направија против Атлетико Мадрид.

Лестер во среда ќе гостува кај Арсенал, каде што се надеваат дека ќе успеат да извлечат нешто од таа средба.

Актуелниот шампион на Англија се наоѓа на 15-то место на табелата, 6 бодови под зоната на испаѓање, но и 2 натпревари помалку од најблискиот конкурент.

„Целта е да се заврши ПЛ на што е можно подобро место. Ако играме како Атлетико, сигурни сме дека можеме да го направиме тоа.“

„Што се однесува до иднината, сакаме уште да игра во Европа, во тоа нема сомнеж. Се чувствуваме како да можеме. Амбициозни сме и самоуверени, а фактот дека во ¼-финале го измачивме Атлетико Мадрид ни е доволен.“