„Се надевам на добар резултат пред своите навивачи“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоренцо се надева дека од трка во трка ќе постигнува се подобри резултати.

Возачот на Дукати и тројниот шампион во кралската класа во првите 3 трки собра 12 бодови и во моментов е на 13-то место во генералниот пласман. На последната трка тој стигна до 9-то место.

„Важно е тоа што се чувствувам удобно и природно на моторот. Дури ниту на Јамаха, Тексас не беше една од моите омилени трки.“

Наредната трка се вози на 7 мај, кога се вози трката за ГН на Шпанија.

„Секако дека се надевам на добар резултат во Херез пред своите навивачи. Одвај го чекам и Ле Манс, тоа ми е една од омилените патеки.“