Спалети заминува од Рома и превзема голем ривал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Рома, Спалети најверојатно нема да остане на оваа позиција во наредната сезона.

Тој најави заминување ако не освои трофеј, а затоа што титулата во Серија А е далеку, се појасно е дека Спалети ќе замине.

Новата дестинација на овој фудбалер би можела да биде Интер. Пиоли ги брои последните денови во тимот, а ако во наредните 20 денови тимот не добие потврден одговор од Симеоне, тие би можеле да го донесат Спалети.

Прва желба на Интер е Симеоне. Но тој нема намера да замине лесно од Атлетико, па затоа Интер му даде рок од 20 денови.

Ако тој ја одбие понудата, тогаш неговото место најверојатно ќе го превземе Спалети.

Покрај Интер, за услугите на овој тренер е заинтересирана и Фиорентина.

Спалети ја водеше Рома 2 пати, а ги тренираше уште и Зенит, Анкона, Удинезе, Венеција и Сампдорија, а кариерата како тренер ја започна во Емполи во 1994 година.