Баерн среде Алијанц Арена елиминиран од купот – Дортмунд со пресврт до финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Баерн Минхен на Алијанц Арена во полуфиналето во купот на Германија, 2:3.

После дваесет минути игра гостите стигнаа до водство. Марко Ројс постигна погодок.

Во 28-ма минута Хави Мартинез постигна погодок со глава за израмнување. Пред крајот на првото полувреме Матс Хумелс погоди за водство на баварците.

Бурки во второто полувреме го одбрани ударот на Робен, а потоа холанѓанецот ја погоди стативата. Обамејанг во 69-та минута го израмни резултатот.

Пет минути подоцна Дембеле погоди за 2:3. Робен се обиде, но шутираше непрецизно, па Дортмунд победи и се пласира во финале, 2:3.