ПСЖ со петарда го почести ослабениот Монако во купот на Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ во полуфиналето во купот на Франција го победија Монако, 5:0.

Голманот на Монако фантастично го одбрани ударот на Кавани со глава. Диало се обиде, но неговиот шут го одбрани голманот на ПСЖ.

Во период од пет минути домашните постигнаа два погодоци. Кавани и Дракслер ја затресија мрежата на гостите. Матуиди пред крајот на првото полувреме ја погоди стативата.

Мбае во второто полувреме постигна автогол. Три минути подоцна Матуиди зголеми на 4:0. Маркињос пред крајот на натпреварот ги постави конечните 5:0.