Габигол конечно ја добива шансата која ја заслужува?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Габриел Барбоса ова лето според медиумите ќе го напушти Интер и ќе замине на позајмица.

Тој во Интер стигна минатата лето од Сантос за скоро 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој во оваа сезона влегуваше од клупата за резервни играчи, а за времто кое го помина на теренот постигна само 1 гол.

Овој 20-годишен напаѓач оваа сезона на теренот помина само 153 минути и јасно е дека во Интер не сметаат премногу на него. Медиумите пренесуваат дека Габигол сигурно наредната сезона ќе оди на позајмица. Неколку тимови од Серија А покажаа интерес, но исто така и од Шпанија.

Габигол во наредната сезона би можел да замине на позајмица во Севиља. Севиља сака опција во договорот да може да го откупи на крајот ако ги оправда очекувањата.