Рома е спремна да го продаде младиот фудбалер за 30 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан и Јувентус се заинтересирани, да видиме кој ќе стигне прв до целта.

Младиот фудбалер кој оваа сезона игра за Сасуоло, Лоренцо Пелегрини речиси сигурно нема да биде во истиот клуб следната сезона.

Се работи за фудбалер од школата на Рома, волчицата го продаде на Сасуоло, но има клаузулата по која може да го врати за 8 милиони евра.

Тој ќе се врати во Рома, но не е исклучено веднаш да биде продаден на почетокот на следната сезона.

Милан и Јувентус покажаа интерес за него, се споменуваат и 30 милиони евра, ако некој ја уплати оваа сума Рома сигурно ќе го продаде.

Во спротивно ќе остане во Рома.