Бонучи објасни во кој случај ќе го напушти Јуве


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи може да го напушти Јуве на крајот на оваа сезона.

За заминувањето на Бонучи се шпекулира од минатото лето кога се зборуваше дека овој одбранбен играч ќе го засили Манчестер Сити.

Меѓутоа, од тој трансфер немаше ништо, но медиумите на Апенините не ја исклучуваат можноста за Бонучи во ова лето да го подигне сидрото и да ја напушти Старата дама.

Јувентус од продажбата на овој играч може да заработи до 60 милиони евра, а најголем интерес за Бонучи повторно покажа Манчестер Сити.

Заминувањето на овој 29-годишен стопер на крајот е многу можно поради лошите односи со тренерот Масимилиано Алегри.

Меѓутоа, Бонучи објасни дека Јуве ќе го напушти само во случај во оваа сезона да ја освои тројната круна.

Старата дама е на вистински пат да ја одбрани титулата шампион на Италија, а стигна и до финалето на Купот каде што ги чека Лацио.

Императив е оваа екипа е ЛШ каде што Јувентус ги чека двомеч во полуфиналето против Монако.