ГН Русија – Може ли Фетел да ја прекине серијата на Мерцедес?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионатот во Ф1 продолжува овој викенд, кога се вози трката за ГН на Русија.

Патеката во Сочи во 2014-та година стана дел од најбрзиот циркус на светот, а најмногу победи има на неа Хамилтон.

Патеката е долга 5.848 км, се возат 53 кругови, поточно 309.745 км вкупно.

Нико Розберг со Мерцедес во 2016-та година го извозе најбрзиот круг со време од 1:39.094.

Пред трката во Русија, прв на табелата е Фетел со 68 бодови, а го следи Хамилтон со 61.

Да потсетиме, Фетел победи на отворањето во Мелбурн и во Бахреин додека Хамилтон беше најбрз во Кина.

Првиот тренинг се вози утре од 10 часот, а квалификациите се во 14 часот додека во недела во истиот термин се вози 4-та трка во сезоната.