Вардар го декласира Фленсбург во Јане Сандански – Црвено црните на Ф4


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во реванш натпреварот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите го победија Фленсбург во СЦ Јане Сандански, 35:27.

Вардарци на почетокот на натпреварот имаа два погодоци предност, 4:2. Фленсбург брзо се врати на натпреварот и резултатот беше израмнет, 4:4. Ракометарите на Вардар се разиграа, ја зголемуваа предноста која на полувреме изнесуваше пет погодоци, 15:10.

Со серијата од пет погодоци, Вардар имаше плус девет, 26:17.