Реал најде напаѓач за иднината, дали ова значи дека се откажаа од Мбапе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Гол“ Реал Мадрид има нова мета.

Карим Бензема е се почесто на удар на критики, и станува јасно дека ова може да биде и негова последна сезона во Мадрид.

Тој нема да мора да се грижи околу продолжување на својата кариера, заинтересирани страни има, а потврда за цената приказна околу неговото извесно заминување е и фактот дека „Кралскиот“ клуб се фрли во потрага за негов наследник.

Веќе на големо се зборува дека во Мадрид може да стигне Килијан Мбапе, разни варијанти се во таа приказна, но помалку-повеќе сигурно е дека од доаѓање на Мбапе во Мадрид во ова лето нема ништо, бидејќи управата на Монако не планира да се откаже.

Единствена опција е дека Реал Мадрид во ова лето да го купи, но да го остави во Монако уште година дена, но и тоа е малку веројатно.

Според новите информации, на Бернабе се свртија кон други мети, а највоата е наводно е напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер.

Овој 21-годишен фудбалер од Германија блеска во оваа сезона во Бундеслигата, постигна 17 голови и еден од најзаслужните за големиот успех на Лајпциг во оваа сезона.

Наводно Реал сака да го види во своите редови, но тој ќе се ротира со Мората, а со тие двајца во напад, кралскиот клуб ќе го реши прашањето за реализација на долг временски период.

Ќе видиме дали ова навистина ќе се обистини во ова лето, Лајпциг извесно ќе игра во ЛШ, и тешко е да се поверува дека ќе се откаже од најдобрите играчи.

Едно е сигурно, пред Вернер е одлична кариера, ќе видиме дали веќе во раната фаза ќе добие шанса да се гради во еден од најголемите клубови на светот.