Сан Антонио на крилјата на Леонард и Паркер го елиминираа Мемфис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Сан Антонио го победија Мемфис со 103:96 во гости и се пласираа во второто коло.

Сан Антонио со 4:2 во победи стигнаа до наредниот круг, а таму ги чека Хјустон.

Натпреварот беше неизвесен во поголемиот дел од натпреварот. Во последниот период Мемфис имаше водство од 7 поени, но Сан Антонио успеа да се врати и да победи на крајот.

Сан Антонио до победа го водеше Леонард со 29 поени и 9 скокови. Паркер одигра фантастичен натпревар и постигна 27 поени.

Во поразениот тим најдобар беше Кунли со 26 поени и 5 асистенции.