Лучијано Моџи се врати на фудбалот, а доби работа во Албанија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најконтроверзниот фудбалски работник Моџи по многу време се врати во фудбалот.

Порнаешниот генерален директор на Јувентус потпиша 3-годишен договор со Партизани од Тирана.

Моџи е прогласен за најголем виновник што Јувентус беше исфрлен во Серија Б, а беше осуден како главен организатор на нечесните работи.

Моџи по таа афера беше осуден на 5 години и 4 месеци затворска казна, а судено му е и поради закана кон играчите и малверзации со трансферите.

Во тимот од Албанија тој ќе има улога како консултант при трансфери, а од таму велат дека се презадоволни што Моџи со своето искуство ќе им помогне во иднина.