Играч за врска на Интер е на продажба, а позната е и цената!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


За него се заинтересирани тимови од ПЛ, а по се изгледа дека цената е многу достапна.

Според медиумите во Италија и управата на Интер одлучи, а Брозовиќ може да замине.

Хрватот стигна во 2015-та година за околу 8 милиони евра од Динамо Загреб, а во Италија напредуваше, но често поради недисциплина доаѓаше во проблеми.

Интерес за него покажаа Арсенал, Челси, Тотенхем и Јунајтед.

Интер реши да го пушти да замине, а треба да се каже дека тимовите нема да платат клаузула од 50 милиони евра, па решија да ја намалат цената.

Сакаат 30 милиони евра за неговите услуги, а наводно се подготвени да се согласат и ан 25.

По се изгледа дека тоа е сосема пристојна цена за него.