Џере направи изненадување во Будимпешта – Со пресврт го елиминира Вердаско


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ласло Џере на АТП турнирот во Будимпешта го победи Фернандо Вердаско во 1/4 финалниот натпревар со 1:2 во сетови.

Вердаско прв направи брејк, 0:2, а следниот гем го загуби на свој сервис, 1:2. Во шестиот гем шпанецот ја искористи брејк-топката и стигна до водство, 2:4. Потоа во осмиот гем Вердаско направи брејк за победа во првиот сет, 2:6.

Воведниот гем од вториот сет донесе брејк, 1:0 за србинот. Шпанскиот тенисер во четвртиот гем го одзеде сервисот на Џере и го израмни резултатот, 2:2. Во вториот сет се играше тај-брејк каде Џере победи со 7:4 и го одведе натпреварот во одлучувачкиот трет сет.

Лош почеток за Џере во третиот сет, 0:1. Во следниот гем србинот успеа да направи брејк и да израмни, 1:1. Џере во шестиот гем го одзеде сервисот на Вердаско, 4:2. Србинот во осмиот гем повторно направи брејк и победи, 6:2.

Џере во полуфиналето на АТП турнирот во Будимпешта ќе игра против Бедене.