Проблем за Барса пред градското дерби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Барса повторно надвор од тимот.

Играчот за врска на Барселона Андрес Иниста може да го пропушти градското дерби со Еспањол поради лесна повреда.

Иниеста го пропушти последниот тренинг поради проблеми со мускулите и ќе биде под знак прашање до последен момент.

Инаку, покрај Иниеста, надвор од тимот се Рафиња, Матје и Видал, а во тимот се враќа после суспензија Нејмар, како и Арда Туран после кратка пауза поради повреда.

Да потсетиме, Барса води голема борба со Реал за титулата, екипите имаат ист број на бодови, но Мадриѓаните и меч помалку.

Мечот Еспањол – Барселона е на програмата во сабота во 20:45 часот.