За првиот човек на Примера нема дилема кој  е најдобар на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последното Ел Класико ја врати оваа тема во фокусот, а после тоа некои работи за многумина станаа јасни…

Хавиер Тебас го бие глас дека е “човек на Реал“ бидејќи во минатото се декларираше како поддржувач на Кралскиот клуб, но сепак во интервју за „COPE“ призна дка најдобар фудбалер на светот е од редовите на Барселона.

Нормално, се работи за Лео Меси.

„После ова Ел Класико можам само да кажам дека Меси е најдобар играч на сите времиња. Тоа не беше негов врв, го гледав и во подобри изданија“, рече Тебас.

Претседателот на Примера рече дека чувствата после најголемото дерби на шпанскиот фудбал се поделени.

„Како симпатизер на Реал голот на Меси не ми се допадна, но од друга страна, тоа е добро за самото натпреварување“, рече Тебас.