Енди Мареј со многу мака до победа против Рамос Вињолас


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Енди Мареј на АТП турнирот во Барселона го победи Алберт Рамос Вињолас во 1/4 финалниот натпревар со 2:1 во сетови.

Шпанецот во првиот сет направи два брејка и го доби, 2:6. Моментално најдобриот тенисер спаси пет брејк топки во вториот сет, а во десетиот гем ја искористи единствената брејк-топка, па го израмни резултатот во сетови, 6:4, 1:1.

Британецот лошо го започна третиот сет, загуби на свој сервис, 0:1. Во четвртиот гем успеа да направи брек и да израмни, 2:2. Вињолас во деветиот гем го одзеде сервисот на Мареј, сервираше за победа, но на својот сервис освои само еден поен, па резултатот беше израмнет, 5:5. Се отиде во тај-брејк каде Мареј победи 7:4 и се пласира во 1/2 финале.

Мареј во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона ќе игра против Доминик Тим.