Милан со фантастична понуда ги победи Реал и Барса во трката за одличниот напаѓач!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан е спремен да понуди на Пјер Емерик Обамејанг неверојатна плата од 7.5 милиони евра по сезона.

Газета дело Спорт пренесува дека на Милан очајнички е потребен нов центарфор, бидејќи Карлос Бака не го задоволи, со свотие способности, тренерот Винченцо Монтела.

Во Борисија од Дортмунд не очекуваат понуда помала од 100 милиони евра за својата ѕвезда, кој е веќе на листата на желби на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Барселона.

Неодамна и француските медиуми пренесоа вест, дека во трката за габонскиот репрезентативец се вклучи и ПСЖ.

Сепак, ни Милан не се без шанси. После што Росонерите го презедоа Кинези, кои ветија дека веќе на лето, ќе вложат огромни пари, со цел Милан што побрзо да се врати на стазите на стара слава, ваква бомбастична понуда не треба да чуди.

Директорот на Борусија Дортмунд, Ханс Коахим, рече дека ако Обамејанг сака да замине, клубот нема да прави проблем, веќе дека со драга воља ќе седнат на маса да преговараат.

Сепак тој смета дека Габонецот нема да сака да ја напушти Борусија.

Обамејанг во оваа сезона 27 голови во Бундеслигата и најдобар играч на Борусија од Дортмунд.