Милан ја одреди цената на Јувентус за Де Шиљо, го менува вториот избеган син


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Росонерите се помирија со загубата дека го губат своето дете.

Матија Де Шиљо јасно и гласно порача на раководството на Милан дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2018 година и дека сака да замине.

Јувентус е одамна во преговори со Де Шиљо, Алегри го повика во повеќе наврати и универзалниот дефанзивец само чека зелено светло од Милан да се приклучи на некогашниот тренер во Торино.

Во Милан немаат каде, свесни дека мораат да го продадат Де Шиљо и дека мораат да одредат цена.

Со оглед на ситуацијата со договорот, нема да се офајдат многу.

Затоа е одредена реална цена од 10 милиони евра.

Што нема да биде проблем за Јувентус и само се чека почеток на преодниот рок за детето на Милан да ги засили редовите на големиот ривал.

Милан со Де Шиљо губи еден од најдобрите играчи од својата школа, но е спремен да го замени уште еден од своите продукти на кого никогаш не е пружена вистинска шанса.

Росонерите како замена за Де Шиљо го целат Матео Дармијан кој потекна во клубот.

Во првиот тим влезе како голобрад стопер, но не успеа да се избори за минутажа во конкуренцијата на Малдини, Неста, Каладзе, Шимиќ,…

Патот понатака го водеше преку Падова, Палермо и Торино до Манчестер Јунајтед каде што ги водеше Ван Гал.

Меѓутоа, Мурињо нема ништо против да го продаде во наредното лето бидејќи планира реконструкција на бековските позиции.

Милан ќе мора да даде уште некој милион евра со парите заработени од Де Шиљо и да го доведе своето дете.