Зебаљос во два сета го среди Качанов за полуфинале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хорасио Зебаљос во 1/4 финалниот натпревар на АТП турнирот во Барселона го победи Карен Качанов во два сета, 0:2.

Двата тенисери беа сигурни на својот сервис се до 4:5. Аргентинецот ја искористи сет топката на сервис на Качанов и го доби првиот сет, 4:6.

Зебаљос вториот сет го доби многу лесно, направи два брејка, 1:6.

Во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона, Зебаљос ќе игра против Надал.