Реал Мадрид е третиот патник на Ф4 во Евролигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Мадрид ја победија Дарушафака во Истанбул во четвртиот натпревар во четвртфиналето во Евролигата, 78:89.

Гостите подобро го отворија натпреварот, па имаа три поени предност после првите десет минути игра, 21:24. На полувреме Реал Мадрид замина со предност од седум поени, 38:45. Пред последните десет минути од натпреварот Реал имаше двоцифрена предност. Домашните успеаа малку да се вратат, но недоволно, па Реал на крајот победи и се пласира на Ф4, 78:89.

Љуљ го предводеше Реал Мадрид со 17 поени. Томпкинс и Рендолф постигнаа по 15 поени, а Ванамејкер најефикасен го заврши натпреварот кај Дарушафака со 25 поени.

Фенербахче, ЦСКА и Реал Мадрид досега имаат обезбедено учество на Ф4.