Халеп лесно до победа против Севастова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симона Халеп во 1/4 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт ја победи Анастасија Севастова во два сета, 0:2.

Во првиот сет од натпреварот видовме пет брејка. Халеп прво направи брејк, 1:3, па Севастова возврати во следниот гем, 2:3. Латвијката на свој сервис повторно и дозволи на Симона да направи брејк, 2:4. Халеп во следниот гем лошо сервираше, не освои ниту еден поен, па Севастова намали, 3:4. Романската тенисерка во осмиот гем повторно и го одзеде сервисот на Севастова, а потоа на својот сервис беше сигурна, па го доби првиот сет, 3:6.

Халеп во воведниот гем од вториот сет ја искористи брејк топката, 0:1. Во третиот гем романката повторно и го одзеде сервисот на Севастова, 0:3. Симона направи уште еден брејк кој беше доволен за победа, 1:6.

Во 1/2 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт, Халеп ќе игра против Сиегемунд.