„Нема да се разговара за иднината!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карло Анчелоти има доверба кај Баерн и покрај тоа што не ги исполни очекувањата во својата прва сезона.

Во Минхен веруваа дека Анчелоти ќе направи напредок во ЛШ, меѓутоа на крајот следеше шок со елиминацијата во ¼-финале од Реал Мадрид, а потоа и елиминација во купот од Борусија.

Иако навивачите не кријат дека не се задоволни, иднината на Анчелоти е безбедна засега.

„Карло е добар тренер и искусен. Должината на неговиот договор е добро позната и тоа нема да се дискутира. Се случија некои работи на кои не можевме да влијаеме. Повреди, судење, недостаток на среќа..“

Анчелоти во Баерн стигна минатото лето, откако претходно го водеше Реал Мадрид.