Клајверт во ПСЖ доведува играч на Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона го нанесе на ПСЖ во оваа година, можеби и најтежок пораз во нивната историја.

После победата од 4:0 во Париз, во Каталонија загубија со 6:1 и така испаднаа од Лигата на шампионите.

ПСЖ е одлучен за таквите работи повеќе да не се повторат, па се заинтересираа за играч на Барселона, Хавиер Маскерано.

Маскерано пред неколку дена го постигна својот првенец во дресот на Барселона, после речиси седум години, но ПСЖ сепак е заинтересиран па спортскиот директор на Парижаните, Патрик Клајверт ги отпочна разговорите со Барселона.

Трансферот треба да биде реализиран без проблем, со оглед дека Маскерано не гледа иднина во тимот на Барселона, а како главна причина за тоа, се наведува недостатокот на брзина.

Искусниот Маскерано во ПСЖ треба да го замени исто така искусниот Тиаго Мота.