„Сакав да го одбијам Ракитиќ“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хавиер Маскерано конечно постигна гол за Барселона.

Иако веќе 7 години настапува за овој тим, Маскерано во средата конечно успеа да постигне гол и тоа од пенал.

„Не беше ништо посебно. За мене тоа е згодна анегдота, повеќе како покажување на љубов од соиграч. Прво сакав да одбијам, но потоа пресуди притисокот од соиграчите и навивачите.“

„Беше забавен моментза потсетување во годините кои доаѓаат. Тешко ми беше да кажам не.“

Ракитиќ со препуштање на пеналот на Маскерано ги „купи“ навивачите и поради тој потег беше награден со аплауз.