Мириса на трофеј – Ѓорческа „гази“ се пред себе во Тунис!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа оваа недела настапува во Тунис.

Таа во конкуренција на двојки беше елиминирана во 1/16-финале од Ањес и Вивиен со 2:6, 6:4 и 7:10.

Во сингл конкуренција таа имаше одличен настап.

Најпрво во 1/32-финале беше подобра од Сегуел со 2:1, поточно 3:6, 7:6 и 6:3.

Во второто коло имаше многу полесна работа против Вулпио на која и дозволи да освои само 3 гејмови и тоа во првиот сет. Лина го доби натпреварот со 6:3 и 6:0.

Во ¼-финалето со феноменален пресврт стигна до победа и против Солер-Еспиноса со 4:6, 6:1 и 6:3.

Наредна нејзина противничка во ½-финале ќе биде Петра Мартиќ со која досега немаат играно. Натпреварот ќе започне најверојатно во 14:00 часот, затоа што пред нив се игра финалето во конкуренција на двојки.

Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.