Се засилува Лестер! Четворица стопери на мета на „Лисиците“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скаутите на актуелниот шампион на Англија, работат со полна пареа во потрага за наследник на Вес Морган и Роберт Хут.

Така Лисиците ќе пробаат да доведат дури четири стопери, а прв пик е Фредерик Соренсен кој беше во сопствеништво на Јувентус, пред што во 2015 година отиде во Бундеслигата во Келн.

Вториот стопер во тефтерот е Франческо Ачерби од Сасуоло. Ачерби има 29 години и веќе е искусен стопер, а Лестер не е единствен тим од Премиер лигата што сака да го види во своите редови.

Како опција се наметна и Кристофер Жулијен од Тулуз.

Ова момче како позајмен играч „практично“ го внесе Дижок во Лига 1, со оглед дека постигна 9 гола како стопер.

На крајот Лестер го сака и Понтус Јансон, 26-годишен дефанзивец на Лидс, но доколку Лидс избори пласман во Премиер лигата низ плеј-оф, тој ќе биде многу тешка опција да се доведе.