Нов проблем за Мурињо, 8 фудбалери надвор од тимот пред Свонси, ќе мора и тој да облече копачки!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неверојатно е тоа што му се случува на Мурињо пред крајот на сезоната.

Пред Јунајтед се важни натпревари на крајот на сезоната, а Мурињо не може да смета на важни фудбалери.

Познато е дека својата кариера во дресот на Манчестер поради повреда на лигаментите ја заврши Ибра, а тие пред натпреварот против Свонси нема да го имаат ниту Погба, како ниту Мата, Рохо, Смолинг, Џонс, Фелаини.

Сега е познато дека надвор од конкуренција е Менс, кој се повреди за помалку од 10 минути во натпреварот против Сити.

Тој незгодно падна на рамото и не изгледаше како сериозна повреда, но сепак таа е посериозна од што изгледаше.

„Во овој момент Баи ни е единствена вистинска опција. Тука се Аксел, Ерик и Дејли. Мислам дека Ерик и Дејли одиграа одлично заедно. Ќе мора да зборувам со нив да видам како се чувствуваат.“

„И ја напорно работам во теретана, па така можам да бидам опција. Мурињо и Туанцебе против Свонси.“, изјави тој.

Поради наведеното, треба да се очекува и Руни да заигра во тимот.

„Да, тоа е една опција, затоа што други и немаме. Ги имаме само Ерера и Керик и тоа е се.“