Само 4 стопери заработуваат во Англија повеќе од Ловрен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен денес го продолжи договорот со Ливерпул до 2021 година.

Овој фудбалер ќе заработува по 100.000 фунти неделно, па сега е еден од најплатените во ПЛ.

Во продолжение погледнете ги стоперите кои заработуваат повеќе пари од Ловрен.

  1. Давид Луиз

Тој заработува 120.000 фунти неделно и има договор до 2019-та година со Челси.

  1. Николас Отаменди

Тој во Сити стигна пред две години од Валенсија и тогаш со нив потпиша договор до 2020 година. Тој ќе заработува по 120.000 фунти неделно.

  1. Винсент Компани

Уште еден стопер на Сити е на оваа листа. Компани, како и неговиот колега Отаменди, заработува по 120.000 фунти неделно. Договор со Сити има до 2019-та година.

  1. Џон Тери

Најплатениот стопер во ПЛ е Тери. Легендарниот капитен на Челси. Легендарниот капитен на Челси заработува дури 150.000 фунти неделно, а има договор до крајот на оваа сезона и најверојатно ќе замине од Челси.