„Јас не сум Дел Пјеро“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот играч на Јувентус, Пауло Дибала смета дека многу работи му недостигаат за да биде новиот Дел Пјеро, но вели дека во иднина сака да стане легенда на Јувентус.

Дибала поради неговиот стил на игра често го споредуваат со легендарниот Дел Пјеро, а многумина шпекулираат дека од наредната сезона ќе го носи дресот со број 10.

„Дел Пјеро е пример. Ќе биде тешко да се до ниво како неговото. Тој е одлична личност, го запознав и навистина е добар човек.“

Младиот фудбалер на Јувентус изјави дека Дел Пјеро бил многу подобар од него кога станува збор за ефикасност и ситуации пред противничкиот гол.

„Тој постигнуваше многу повеќе голови од мене. Многу ми недостига за да бидам како него.“

„Број 10? Секогаш зборував дека бројот 21 е важен за Јувентус. Тешко е да се носи бројот 10, сакам да си го носам бројот 21. Никогаш не би го побарал тој дрес, но ако ми го понудат, тогаш ќе разговараме за тоа.“