Лут ривал на Милан со сите сили се обидува да го донесе Донарума


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот италијански голман, Донарума ова лето ќе биде еден од најбараните голмани.

Тој неодамна наполни 18 години, но веќе 2 сезони е стандарден голман на Милан. Тој покажува дека станува збор за голем талент и многумина го сметаат за достојна замена за легендарниот Буфон.

Познато е дека многу клубови се заинтересирани за овој 18-годишен голман, односно дека нудат многу пари за него. Меѓутоа, многумина се изненадија кога се појави вест дека Интер сака да започне преговори со Донарума.

Раиола потврди дека за неговиот клиент е заинтересиран Интер кој се обидува на сите начини да започне преговори. Сепак, познато е дека Донарума ги помина сите младински категории на Милан и тешко може да се очекува дека ќе прифати понуда од Интер.