Плаќаат клаузула за Нејмар, a Барселона не се прашува ништо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега е се појасно дека Бразилец ќе замине од тимот.

Дали Барселона ќе го изгуби Нејмар?

Јасно, клубот ќе ја одбие секоја понуда, но е немоќен ако биде платена клаузулата, на тој начин го изгубија Фиго на почетокот на векот од Реал.

Станува збор за желбата на играчот, но во Барселона таткото ги „влече конците“.

Еден новинар вели дека Јунајтед е подготвен да плати 200 милиони евра за да го донесе Нејмар.

Наводно Бразилецот потврдил дека тоа му е понудено, а истото ќе го направи и Челси.

Англиските клубови немаат проблем со пари, но ќе одлучува желбата на Нејмар.

Иако желба му е некогаш да игра во ПЛ, ова би била тешка одлука.

Кога за Јунајтед станува збор, ако не заиграат во ЛШ, тогаш се исклучува тој трансфер, а од друга страна Челси исто така има пари, но се зборува дека Нејмар е повеќе желба на Абрамович, отколку на Конте.

Барселона има проблем со пари затоа што премногу дава на плати, дури се зборува дека во преодниот рок ќе имаат помалку од 50 милиони евра, ако не продадат некого.