Браво ја заврши својата авантура во Сити?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, Браво доживеал тешка повреда.

Дербито во Манчестер помина без голови, па така Браво ја сочува својата мрежа против големиот ривал.

Искусниот голман минатото лето стигна во тимот, но не ги оправда очекувањта, па на средината на сезона испада од првиот тим.

Сепак, доживеа голема непријатност, поточно го скинал мускулот на левата потколеница.

Кабаљеро повторно ќе застане на голот на Сити, а медиумите пишуваат дека дербито против Јунајтед би можело да биде последно за Браво во редовите на Сити.

Добра вест за голманот е тоа што најверојатно ќе биде подготвен да настапи за Чиле.