Интер го донесува „џокерот“ на Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер влегува во трка за турскиот фудбалер.

Интер е заинтересиран за Арда Туран од Барселона, барем така тврдат медиумите.

Кинезите се подготвени да инвестираат во Интер, а Туран е една од новите мети.

Интересно е тоа што интересот со Туран го поврзаа со евентуално доаѓање на Симеоне, кој го донесе Турчинот и со него ја освои титулата.

Интер е подготвен да плати 30 милиони евра за потписот на Туран, а тоа би значело дека Барселона најверојатно ќе ја прифати оваа понуда.

Туран зад себе има солидна сезона, иако беше резерва, па по потреба влегуваше во игра на повеќе позиции.