„А другите? Зошто Шарапова е исклучок?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристина Младеновиќ смета дека Шарапова неоправдано добива специјални покани за учество на најголемите турнири.

Младеновиќ е уште една во низата на тенисерки кои ја критикуваа ВТА и организаторите на турнирите кои и доделија „вајлд-карта“ на Русинката.

„Разбирам дека турнирите ја сакаат во ждребот. Таа е голема ѕвезда и привлекува големо внимание. Од друга страна, да се прашаме дали е фер? Факт е дека таа падна на допинг тест, но не е единствена. И други по суспензијата одеа по потешкиот пат. Зошто таа е исклучок?“

Шарапова во ½-финале во Штутгарт ќе игра против Младеновиќ од 16 часот.