Себастијан Фетел од пол позиција, Раиконен втор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува од пол позиција на утрешната трка за ГН на Русија.

На првата квалификациска сесија најбрз беше Валтери Ботас. Втората позиција му припадна на неговиот клупски колега, Луис Хамилтон. Двата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен завршија на третата и четвртата позиција. Ферстапен заврши пети, Окон шести, Хулкенберг седми. Рикиардо имаше осмо најдобро време, Сајнц на деветата позиција, а топ 10 ги комплетира Маса. Место во втората квалификациска обезбедија и Квјат, Перез, Строл, Алонсо и Магнусен.

Повторно возачот на Мерцедес, Валтери Ботас заврши прв во втората квалификациска сесија. Раиконен ги раздели двата возачи на Мерцедес, Хамилтон се најде на третата позиција. Фетел имаше четврто најдобро време, Маса пето, Ферстапен шесто. Хулкенберг, Рикиардо Перез и Окон обезбедија пласман во третата квалификациска сесија.

Третата квалификациска сесија беше интересна. Кими Раиконен имаше најдобро време се до последниот брз круг на неговиот клупски колега, Себастијан Фетел кој утре ќе стартува од втората позиција. Двата возачи на Мерцедес имаа предност во првиот и вториот сектор, но во третиот беа лоши и завршија на третата и четвртата позиција. Рикиардо ќе стартува пети, Маса шести, Ферстапен седми. ТОП 10 ги комплетираа Хулкенберг и двата возачи на Форс Индија, Перез и Окон.

1. Себастијан Фетел – Ферари
2. Кими Раиконен – Ферари
3. Валтери Ботас – Мерцедес
4. Луис Хамилтон – Мерцедес
5. Даниел Рикиардо – Ред Бул
6. Фелипе Маса – Вилијамс
7. Макс Ферстапен – Ред Бул
8. Нико Хулкенберг – Рено
9. Серџо Перез – Форс Индија
10. Естебан Окон – Форс Индија
11. Карлос Сајнц – Торо Росо
12. Ленс Строл – Вилијамс
13. Даниел Квјат – Торо Росо
14. Кевин Магнусен – Хас
15. Фернандо Алонсо – Мекларен
16. Џојлон Палмер – Рено
17, Штофел Вандорн – Мекларен
18. Паскал Верлајн – Заубер
19. Маркус Ериксон – Заубер
20. Роман Грожан – Хас