Елиминиран светскиот рекет број еден – Тим прв финалист во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доминик Тим во 1/2 финалето на АТП турнирот во Барселона го победи Енди Мареј со 2:1 во сетови.

Во воведниот гем австриецот направи брејк, 0:1. Тим и во петиот гем го одзеде сервисот на Мареј, 1:4. Следниот гем Мареј направи брејк и намали на 2:4. Австриецот ја искористи брејк топката на сервис на Мареј и стигна до 2:5, па после беше сигурен на својот сервис, 2:6.

Британецот со еден брејк во осмиот гем го доби вториот сет, 6;3. Мареј на почетокот на одлучувачкиот сет направи брејк, но го изгуби следниот гем на свој сервис, 1:1. Во шестиот гем Тим му дозволи на Мареј да освои само еден поен на негов сервис, 2:4. Мареј возврати на ист начин во следниот гем, 3:4. Тим го направи клучниот брејк во десетиот гем кој беше доволен за победа, 4:6.

Тим во финалето на АТП турнирот во Барселона ќе игра против победникот од дуелот Надал – Зебаљос.