Дортмунд и Келн одиграа без погодоци, Лајпциг ремизираше против Инголштадт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Завршија пет натпревари од 31-во коло во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд ремизираше на Сигнал Идуна Парк против Келн, 0:0.

Ројс пропушти голема шанса за погодок. На другата страна Јојиќ шутираше покрај голот. Хорн го одбрани ударот на Шмелцер. На крајот останаа почетните 0:0.

Во останатите натпревари Вердер Бремен на домашен терен ја победи Херта, 2:0, Дармштадт лесно го совлада Фрајбург, 3:0, Менхенгладбах на гости беше подобар од Мајнц, 1:2, а Лајпциг и Инголштадт ги поделија бодовите, 0:0.

Лајпциг после овој бод ќе има седум бода помалку од лидерот Баерн Минхен кој денес игра против Волфсбург, а Дортмунд ќе остане на третата позиција со два бода повеќе од Хофенхајм кој утре ќе го пречека Франкфурт.