Тулуз имаше водство, но потоа Монако го почасти со три погодоци (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако на Луј Втори го победија Тулуз во натпревар од 35-то коло во Лига 1, 3:1.

Силва во првото полувреме пропушти голема шанса за погодок. На полувреме се замина со почетните 0:0.

Почетокот на второто полувреме донесе погодок. Тоивонен погоди за водство на Тулуз.


Радоста не траеше долго на гостите бидејќи три минути подоцна Глик постигна погодок со глава за израмнување на резултатот.


Во 64-та минута Мбапе донесе водство за Монако. Лемар петнаесетина минути пред крајот на натпреварот погоди за 3:1.



Фалкао и Мбапе до крајот на натпреварот имаа шанси за погодок, но колумбиецот ја погоди стативата, а ударот на французинот го одбрани голманот на Тулуз.

Монако ќе остане лидер со исто бодови колку и ПСЖ и натпревар помалку, а парижаните утре му гостуваат на Ница.