Крај за Шарапова во Штутгарт – Младеновиќ ја надигра и е прва финалистка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристина Младеновиќ во 1/2 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт ја победи Марија Шарапова, 2:1 во сетови.

Шарапова со еден брејк го доби првиот сет, 3:6. Во воведниот гем од вториот сет русинката го одзеде сервисот на Младеновиќ, 0:1. Французинката успеа да израмни во четвртиот гем кога направи брејк, 2:2. Младеновиќ во 12-от гем го одзеде сервисот на Шарапова и го израмни резултатот во сетови, 1:1, 7:5.

Одлучувачкиот сет донесе возбудување. Младеновиќ прва направи брејк при резултат 3:2. Кога сервираше за победа, Шарапова го одзеде сервисот и намали на 5:4. Руската тенисерка сервираше за останување во натпреварот, но не успеа во тоа бидејќи Младеновиќ ја искористи единствената сет топка, 6:4.

Младеновиќ во финалето на АТП турнирот во Штутгарт ќе игра против подобрата од дуелот Халеп – Сиегемунд.