Пукна петарда на Канарските Острови – Атлетико Мадрид го разнесе Лас Палмас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Лас Палмас на Канарските Острови во натпревар од 35-то коло во Ла Лига, 0:5.

После две минути игра јорганџиите имаат водство. Гамеиро ја затресе мрежата на Лас Палмас.

Во период од една минута гостите постигнаа два погодоци. Нигез постигна погодок со глава, а потоа Гамеиро го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Гамеиро ја погоди стативата на почетокот на второто полувреме. Кевин Принц Боатенг заработи црвен картон во 65-та минута. Томас зголеми на 0:4, а петардата ја пукна Фернандо Торес во судиското продолжение од второто полувреме.

Атлетико ќе остане на третата позиција со три бода повеќе од четвртопласираната Севиља која во понеделник и гостува на Малага.