Мончи создава пеколна Рома, стигнува засилување од Барса?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мончи не губи време, листата на желби е се поголема.

После што е потврдено дека Френк Кеси ќе го засили Милан, денеска се појави информација дека на листата на желби на Волчицата се наоѓа и Денис Суарез.

Играчот за врска на Барселона не ги исполни очекувањата во првата сезона по враќањето на Ноу Камп, и може да биде вратен во случај на вистинска понуда.

Мончи многу добро е запознаен со квалитетите на овој играч поради тоа што пред три години го доведе на позајмица во Севиља каде што одлично се покажа.

Рома планира да го доведе на едногодишна позајмица со можност за откуп во наредното лето.

Суарез во оваа сезона одигра 35 мечеви и постигна три гола со пет асистенции.