Тие се неприкосновени „кралеви“ на завршницата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на мадридски Реал повторно до гол дојдоа во последните моменти од натпреварот.

Реал ја совлада Валенсија и направи значаен чекор кон освојување на титулата во Примера.

Поведоа преку Кристијано Роналдо во првото полувреме, потоа Португалецот промаши пенал, поточно маестралниот Диего Алвеш го го одбрани шутот, по трет пат во кариерата, а потоа Валенсија израмни преку Дани Парехо, кој мајсторски изведе слободен удар и го матираше Навас.

Сепак, Марсело  беше спасител, постигна гол во 86 минута и така донесе победа на Реал.

Повеќе за целиот дуел можете да прочитате ТУКА.

Тоа беше и втор гол на Марсело во Примера во оваа сезона, така и офрицијално стана најпродуктивен дефанзивец во шпанскиот шампионат, бидејќи има и девет запишани асистенции.

Тоа што е најинтересно е фактот дека ова е 21 гол на Реал во последните 10 минути од натпреварите во оваа сезона и по тој параметар се далеку најдобри во „петте лиги“.